HomeДругоНа 106. собраниска седница донесени неколку закони

На 106. собраниска седница донесени неколку закони

На 106. собраниска седница, на која не беше прифатен предлогот на пратениците од Левица за интерпелација на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, попладнево беа донесени три закони во второ читање.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Беа изгласани Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за изменување на Законот за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи и Законот за изменување и дополнување на Законот за возила.

Во рамки на 106 седница беше изгласана и одлука за објавување јавен оглас за именување член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија.

Сто и шестата седница е прекината и за продолжението ќе биде дополнително соопштено.  На дневен ред на оваа седница остануваат  седум предлог-закони по скратена постапка: за изменување и дополнување на законите за основното образование; за средното образование; за работно ангажирање  лица, за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, за безбедност на сообраќајот на патиштата, за придонеси од задолжително социјално осигурување и Предлог-закон за финансиски лизинг.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.