HomeАктуелноТри лица лишени од слобода кај нив пронајдена и одземена марихуана

Три лица лишени од слобода кај нив пронајдена и одземена марихуана

На 21.02.2022 околу 14.00 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Г.М.(46) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Истиот ден, на 21.02.2022 околу 19.00 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода А.Д.(28) и В.Т.(28), двајцата од струшкото село Велешта. При преглед во возило „aуди“, со кое се превезувале, полициските службеници кај А.Д. пронашле и одзеле марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. Исто така, при претрес во домот на А.Д., извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: МВР

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.