HomeАктуелноАктивни три пожари на отворен простор од вкупно 20 пожари

Активни три пожари на отворен простор од вкупно 20 пожари

Центарот за управување со кризи попладнево информира дека до синоќа до 18:30 часот на цела територија на државата активни се три пожари, а под контрола се шест пожари. Вкупно имало 20 пожари од кои 11 се изгаснати.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Активен е пожарот на планината Готен и Малешевските планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, како и пожарот кај селото Бешиште во општина Прилеп со крак кон селото Градешница во општина Новаци и крак кон границата со Грција. Третиот активен пожар е меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен во општина Прилеп и Галиште и Трстеник во општина Кавадарци.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска на прес-конференција најави дека во гаснењето на пожарот на планината Готен ќе биде ангажиран и чешки хеликоптер и пожарникари од Словенија, а помош понудиле и Австрија и Франција. 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.