HomeАктуелноАктивно се надоградуваат, средното училиште ОЕМУЦ од Охрид во посета на Техничко училиште во Ваљево

Активно се надоградуваат, средното училиште ОЕМУЦ од Охрид во посета на Техничко училиште во Ваљево

Во периодот од 05-08.10.2023 год. 15 ученици и 6 професори од нашето училиште ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски” – Охрид беа во посета на Техничкото училиште од Ваљево од Република Србија, велат од училиштето.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Посетата беше во рамките на подпишаната соработка меѓу нашите два образовни центри и има за цел дружење и размена на искуства. Во рамките на посетата нашите представници имаа можност да се запознаат со условите за одржување на настава во нивното училиште. Исто така беше организирана заедничка туристичка прошетка низ нивниот град, како и посета на Истражувачката станица Петница, комплексот Бранковина во кој се наоѓа гробот, училиштето и музејот во чест на Десанка Максимовиќ, посета на манастирот Лелиќ, Народниот музеј на Ваљево, Муселимовиот конак и Модерната галерија, додаваат од таму.

Е.Р

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.