На 16.09.2022 во периодот од 14.00 до 20.00 часот, при спроведени сообраќајни акциски контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 66 возачи, кои во и надвор од населено место, управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-22, Струга-23, Кичево-13, Дебар-08). На 16/17.09.2022 во периодот од 22.00 до 04.00 часот, полициските сллужбеници во Охрид затекнале и од сообраќај исклучиле двајца возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол. За сите прекршоци изречени се соодветни санкции,информираат од МВР.
