HomeАктуелноАријан Ибраим го прими уверението и официјално по третпат е градоначалник на Центар Жупа

Аријан Ибраим го прими уверението и официјално по третпат е градоначалник на Центар Жупа

По објавувањето на  конечните резултати од гласањето за избор за градоначалник на општина Центар Жупа,  Аријан Ибраим и официјално стана нов градоначалник, што е негов трет последователен мандат.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во присуство и на членовите на Општинската изборна комисија, уверението за избран градоначалник денеска му го врачи претседателот на комисијата Неџип Илјаз.

Тој им се заблагодари на ангажираноста за успешно реализираниот изборен процес, како и на граѓаните и иселениците, со чие прсуство беше обезбеден потребниот цензус и вети продолжување на успешните проекти за доброто на сите.

Ибраим, првпат за градоначалник беше избран во 2013 а вториот мандат го доби на следните избори во 2017 година. На изборите на 17 октомври минатата година  и на повторените на 17 април годинава, кога имаше еден противкандидат, доби околу 80 отсто од гласовите, но поради необезбеден цензус истите беа повторени на 20 овој месец.

На ове избори тој беше единствен кандидат, предложен од Турската демократска партија, поддржан од СДСМ и коалицијата. Освои 3340 или 98,4 отсто од од излезените 3395 гласачи, 55 гласачки ливчиња беа неважечки.

Инаку, на изборите на 17 октомври 2021 беше избран новиот состав на Советот на општината, кој брои 11 членови. Пет советнички места има Турската демократска партија, по две СДСМ и Движењето за национално единство на Турците и по едно ВМРО-ДПМНЕ и Партијата за движење на Турците.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.