HomeАктуелноАХВ: Забраната за користење на водата во Гостивар останува во сила

АХВ: Забраната за користење на водата во Гостивар останува во сила

Донесената забрана за користење на водата од гостиварскиот водовод, за пиење и за подготвување храна, останува во сила се додека со лабораториски анализи не се потврди нејзината безбедност. Продолжуваме будно да ја следиме состојбата и да преземаме соодветни законски мерки за целосно расчистување на случајот и за отстранување на причините кои довеле до оваа состојба и го загрозиле здравјето на граѓаните. Ја уверуваме јавноста дека нема да дозволиме ниту еден аспект од постапката да остане неиспитан, рече денеска директорот на генцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На прес-конференција во Владата, Миланов, осврнувајќи се на спроведените контроли, напомна дека, според утврденото, во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение, се поставени пумпи кои директно вбризгувале вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем.

Директорот информира дека и денеска продолжуваат инспекциските  контроли над операторите со храна во Гостиварско. Целта на вонредните засилени мереки, нагласи, е прецизно да се утврди изворот на контаминација, степенот и обемот на загаденоста, како и да се обезбедат нови релевантни лабораториски резултати врз основа на кои ќе бидат преземени сите понатамошни мерки во конкретниот случај.

-АХВ со најголемо вниjание ја следи состојбата со квалитетот на водата за пиење во Општина Гостивар. Од првиот момент кога беа добиени сознанија за можен ризик по јавното здравје врз основа на добиеното известување од јавен обвинител од ОЈО Гостивар и пријава од МВР Гостивар за можна нарушена безбедност на водата за пиење во гостиварскиот вопдоснабдителен систем, инспекциските служби на АХВ спроведоа вонредна контрола во овој водоснабдителен систем во село Вруток, Општина Гостивар. Согласно законските надлежности и воспоставените протоколи, контролата беше спроведена на 16 јули во доцните вечерени часови во соработка со претставници на Министерството за животна средина, ОЈО Гостивар и крим  техника – МВР Гостивар. Со надзорот беше утврдено дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение се поставени пумпи која директно вбризгувале вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем, напомена директорот.

Според него, стручни лица на Институтот за јавно здравје земале четири мостри од водата од резервоарот, каптажата, од површинска вода и од јавна чешма во џамија, за лабораториско тестирање, со цел утврдување на нејзината безбедност.

-За да се спречи поголема опасност за населението од овој регион, АХВ веднаш издаде време забрана за употреба на водата за пиење. Во текот на вчерашниот ден, активностите беа значително проширени, при што инспекциски служби на Агенцијата за храна и ветеринарство земаа дополнителни мостри и тоа од целиот водоснабдителен систем, вклучително и од јавни установи, градинки, угостителски објекти и други кои ја користат водата од овој  водоснабдителен систем за пиење и за подготовка на храна. Во рамки на законските овластувања, Агенцијата ќе ги преземе сите неопходни мерки против сите субјекти кај кои ќе се утврдат пропусти или непочитување на законските обврски. Апелираме до граѓаните доследно да ги почитуваат препораките на надлежните здравствени институции и локалните власти во однос на користењето на водата за пиење, се до добивањето на конечните лабораториски резултати и целосното нормализирање на состојбата, потенцира Миланов и дополни дека АХВ зема официјални мостри од вода, а тестирање на примероците врши Институтот за јавно здравје, кој треба официјално да ги достави резулатите до АХВ.

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа истакна дека случајот со загадувањето на водоводната мрежа во Гостивар е сериозен инцидент кој директно го загрози здравјето на илјадници граѓани. Сакам јасно да кажам дека очекувам целосно да се утврдат сите факти и околности, како и да се утврди и кривична и морална одговорност за сите кои со своето постапување или непостапување придонеле за оваа состојба. Кога е загрозено здравјето на граѓаните, не смее да има компромиси, ниту прикривање на одговорноста.

Како што истакна Хоџа пред да бидат соопштени наодите од Инспекторатот за животна средина, институциите будно го следат развојот на случувањата. Тој изрази загриженост за сите заболени граѓани од Полошкиот регион.

Министерот потенцира и дека снабдувањето со вода за пиење, одржувањето на водоводните системи, собирањето и третманот на отпадните води се надлежност на општините и јавните комунални претпријатија. Општините, напомена, се првата линија на одговорност за безбедното функционирање на овие системи, како и за воспоставување и заштита на санитарните заштитни зони околу водните извори.

– Би сакал да ги уверам гостиварчани дека Владата ги презема сите мерки, секако во рамки на своите надлежности, и така ќе продолжи се до конечно расчистување на овој случај. Важно е граѓаните да знаат и кои се законските надлежности. Снабдувањето со вода за пиење, одржувањето на водоводните системи, собирањето и третманот на отпадните води се надлежност на општините и јавните комунални претпријатија. Општините се првата линија на одговорност за безбедното функционирање на овие системи, како и за воспоставувањето и заштитата на санитарните заштитни зони околу водните извори. Истовремено, контролата на квалитетот на водата за пиење е законска обврска на Центрите за јавно здравје, кои имаат обврска континуирано да ја следат исправноста на водата и навремено да ја информираат јавноста и надлежните институции кога ќе се утврди ризик по јавното здравје. Министерството за животна средина и просторно планирање останува целосно посветено на обезбедување услови за подобра комунална инфраструктура, објасни Хоџа.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.