HomeАктуелноАхмети убеден во единството на ДУИ и во победа на следни избори

Ахмети убеден во единството на ДУИ и во победа на следни избори

Демократската унија за интеграции ќе победи на следни избори, убеден е лидерот на партијата Али Ахмети. Смета дека тој има морално и национално право да повика на фронт за забрзување на патот кон ЕУ.
ДУИ без дискутирање е победник на изборите. Се обидоа да ја победат ДУИ, но изгубија. Тогаш, ајде сите да размислиме малку и да ја надминеме гордоста и да видиме како ќе изградиме фронт за да го забрзаме патот кон ЕУ. И ако некој има морално и национално право да ја преземе оваа иницијатива, тоа сум јас, да ги поканам сите, бидејќи ова е најважниот момент да ги унапредиме нашите прашања, но и да ги подобриме нашите стандарди, рече Ахмети одговарајќи на новинарско прашање дали на ДУИ се плаши да оди сама на избори и дали тој се плаши од поделба на партијата.
ДУИ, без присуство на членовите на раководоството на т.н. огнена група во партијата денеска во Скопје ја одбележа 555 – годишнина од смртта на Скендербег, за кого Ахмети кажа дека е стратег и посебна историска личност важна за цела Европа.
Во изјавата за медиумите Ахмети одговараше и за разговорите за влез на Алијансата на Албанците во Владата објаснувајќи ги со проширување на мнозинство и создавање на алијанса за Европа.
-Мислам дека парламентарното мнозинство е стабилно, но има еден поопширен и поперспективен пристап, значи да се прошири тоа мнозинство и да се создаде една алијанса за Европа, изјави денеска Ахмети.
Разговорите, според него, не се дојдени до поделба на ресорите.
-Не сме дојдени до овој момент. Да видиме како ќе се развиваат разговорите и каков ќе биде епилогот. Потоа ќе зборуваме и за ова прашање, рече Ахмети.

Прашан за стабилноста на парламентарното мнозинство во контекст на огнената група и пратениците од ДУИ, Амети вели дека тоа (разговорите со АА) нема никаква врска со огнената група.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Синоќа во интервју за ТВ 21 претседателот на АА Арбен Таравари изјави дека постои можност Алијанса за Албанците да стане дел од Владата, а ако тоа не се случи треба да се оди на избори.

Таравари остава простор за две опции, едната како што вели, по сугестија на меѓународниот фактор дека не е време за избори и дека за прогресот на државата важни се уставните измени, и доколку тоа го бара членството на АА тогаш веројатно ќе станат дел од Владата.Друга опција, според него, е да се оди веднаш на избори.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.