HomeАктуелноБадникови огнови: Пагански или христијански? – Еве што е правилно, како се слави Бадник и Божик

Бадникови огнови: Пагански или христијански? – Еве што е правилно, како се слави Бадник и Божик

Со ракија и огнови не се слави Божик. Бадникарските огнови, печењето колбаси и пиењето ракија се во апсолутна спротивност со начинот на кој верниците треба да го одбележат празникот, сметаат владици на МПЦ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Бадникарските огнови, печењето колбаси и пиењето ракија се во апсолутна спротивност со начинот на кој верниците треба да ги одбележуваат деновите пред Божик, сметаат достоинственици на МПЦ. Митрополитот струмички Наум и епископот велички Методиј, управител на Американско-канадската епархија, велат дека гозбите и пиењето околу коледарските огнови е во целосна несогласност со црковното предание и со божикниот пост.

Бадник го славиме по пагански, а Божик, ако имаме сила да го славиме заради бадниковите теревенки, тоа го правиме по рисјански. Посната бадникова вечера, како претпразненство на големиот празник на Христовото раѓање, кое треба да го сплоти семејството, и полноќната Божествена литургија се заменети со литаниите на маалските огнови и култот на греената ракија. На тој начин се уништува убавината и раскошното предание на нашата празнична култура, потенцираат од МПЦ.

Од МПЦ укажуваат дека и обичајот со бадниковото гранче не е дел од македонската традиција. Овој обичај е насилно воведен во нашите цркви по утврдената српска окупација на вардарскиот дел на Македонија по завршувањето на Првата светска војна. Ова е прашање на идентитет и со медиумското форсирање на ваквите обичаи се дефокусира јавноста од она што е битно, а тоа е исполнувањето на Божјите заповеди, исповедта на своите гревови и причестувањето со телото и крвта Христови. Очигледно, многу е полесно да се собираат гранки по шума отколку да се чекори по тесниот евангелски пат.

Огновите, скарите, греената ракија и вино и масовни собирања што започнуваат вечерва, досега не беа толку остро проблематизирани од страна на достоинствениците на МПЦ. Причина за ова се различните ставови околу одобрувањето на ваквите собири од страна на владиците и свештениците на МПЦ. Дел од свештениците присуствуваат на ваквите собири и ги благословуваат.

Дел од свештениците сметаат дека на палењето огнови и пиењето ракија не треба да се гледа толку ригидно.

Огнови во чест на раѓањето на Исус Христос се палеле уште во 3 век, од страна на првите црковни општини. Не се одобрува пиење ракија во големи количества, но ако се пие по чаша- две за здравица, во умерени граници тогаш може да се дозволи. Исто е и со музиката и со играњето ора околу огновите.

 

Тоа се само пагански обичаи со кои Бадник се претвора во забава, а се прекинуваат постот и подготовката за празникот. Нема врска меѓу огнот и пештерата во која се родил Исус Христос. Бадник треба да се помине со молитвено бдеење во храмот. Не случајно во таа пригода се читаат најмногу молитви. Постот е неспоив со пиењето ракија и грешка е ако некој мисли дека на тој начин ќе ги привлече луѓето кон Црквата.

Молитви и литургии во сите храмови

Со молитви и литургии во храмовите, МПЦ деновиве ќе го одбележи еден од најголемите христијански празници, Рождество Христово – Божик, посветен на раѓањето на Исус Христос. Во недела, со почеток во 8 часот во сите македонски православни храмови ќе се одржи литургија, а попладневната литургија ќе започне во 17 часот. В понеделник, на Божик, се началствува со празничната литургија. Ден потоа, се служат служби по сите православни храмови низ Македонија. А така е и низ сите Македонски Православни Храмови на МПЦ и низ дијаспората.

До сите православни христијани Честит Божиќ.

Христос се роди!
Вистина се роди!

Христос се роди!
Вистина се роди!

Христос се роди!
Вистина се роди!

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.