HomeАктуелноБалканската ѕвезда Дино Мерлин приреди вистински музички празник во Штип

Балканската ѕвезда Дино Мерлин приреди вистински музички празник во Штип

Синоќа Штип беше центарот на Македонија во знакот на вистински музички спектакл – настапот на балканската ѕвезда Дино Мерлин. Неколку десетици илјади посетители со воодушевување ги пееја неговите најголеми хитови како „Кад си рекла да ме волиш“, „Десет млађих“, „Све је лаже“ и „Ране“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Настанот беше повеќе од концерт – целиот град живееше во ритамот на музиката, со мирис на топли пастрмајлии, полни локали и голема раздвиженост низ улиците.

 

Според реакциите на публиката, ова беше прекрасен настан организиран по највисоки светски стандарди. Штип уште еднаш покажа како се организираат големи концерти, а Македонците покажаа дека знаат да се забавуваат и уживаат. Настапот на Мерлин уште еднаш потврди дека е едно од најголемите и најсакани музички имиња во регионот, а публиката од Штип ќе го памети долго како вечер исполнета со емоции, енергија и незаборавна забава.

ФОТО

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.