Моментално сме најевтини во делот на цените на јајцата во регионот. Нема да дозволиме покачување на цените поради зголемената побарувачката поради Велигден, рамазанските пости и Бајрам, рече министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција.
Тој кажа дека на седница на Владата ќе се замрзнат цените на оризот и јајцата, согласно цените кои биле претходно, а не денешните.
Како Министерство за економија имаме конкретен предлог за цената на оризот и јајцата. Тоа нема да биде денешната цена, туку ќе биде една од цените од месец март, рече Бектеши.

Во делот на шеќерот и брашното, согласно податоците на царинската управа за увозните цени и цените со кои се произведува имаме намалување и тоа очекуваме да продолжи, па затоа таму нема да преземаме мерки во моментов, додава Бектеши.
