Владата на Белорусија го одобри списокот на непријателски земји, а резолуцијата на Советот на министри за тоа беше објавена денеска на Националниот правен интернет портал.
Како што јави агенцијата Интерфакс, на списокот покрај земјите-членки на ЕУ се уште 12 земји – САД, Велика Британија, Австралија, Канада, Норвешка, Нов Зеланд, Албанија, Исланд, Македонија, Лихтенштајн, Црна Гора и Швајцарија.
Вчера, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша указ за, како што се наведува, заштита на националните економски субјекти од позајмување средства од нивните сметки по барање на жителите на странски земји кои вршат непријателски дејствија против белоруски правни или физички лица.
