HomeАктуелноБЕСИМИ: Со Рамковниот станавме земја за пример

БЕСИМИ: Со Рамковниот станавме земја за пример

Денеска одбележуваме 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој беше обезбедена мирна, демократска и евроатлантска иднина на нашата држава, со еднакво учество на сите етнички заедници, напиша на Фејсбук министерот за финансии Фатмир Бесими.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Република Северна Македонија, како што напиша Бесими, прерасна во единствена функционална мултиетничка демократија во регионот, земја за пример и рамноправен дел од меѓународната заедница.

-Духот на Охридскиот рамковен договор е во согласност со современите европски вредности и претставува основа за остварување на правата на сите граѓани. Продолжуваме и понатаму заедно да работиме на неговото зачувување и имплементирање, напиша на ФБ Бесими.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.