HomeАктуелноБилтен на СВР Охрид: Во сообраќајка повредена 19-годишна охриѓанка на велосипед

Билтен на СВР Охрид: Во сообраќајка повредена 19-годишна охриѓанка на велосипед

 На 27-ми септември 2022 година, во 21:35 часот во СВР Охрид, пријавено е дека околу 19:00 часот, се случила сообраќајна незгода, на кружната крстосница од улиците „15-ти Корпус“, „7-ми Ноември“, „Железничка“ и „Ристо Чадо“ во Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Патничко моторно возило марка „Шкода октавија“, управувано од страна на 54-годишниот Љ.С. од Охрид, удрило во велосипед управуван од 19-годишната М.Џ. од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Џ. констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од Секторот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.