Денеска (19.07.2025) во 00.15 часот, во СВР Охрид е пријавен нарушен јавен ред и мир со гласна музика од кафе бар лоциран во трговскиот центар „Амам” во Охрид. По преземени мерки согласно правилникот за примена на индикаторите за бучава и правилникот за локации на мерните станици и мерните места, извршено е мерење на јачина на бучава со Фонометар, при што полициските службеници констатираа гласност од 54 децибели односно надминување на дозволената гласност од 35 децибели.
По целосно документирање на настанот, против правниот субјект и одговорното лице, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 18.07.2025 година во СВР Охрид е повикан А.В.(44) од Охрид кого полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, го затекнале во дом на Г.М.(49) од Охрид при претрес извршен по Судска наредба.
При претресот, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана и други предмети.По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.07.2025 година, во ОВР Струга е пријавено дека на паркинг простор на улицата „Владо Малески” во Струга, неколку лица физички го нападнале С.М.(29) и неговата сопруга, двајцата од Струга.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачите, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (19.07.2025) во 00.50 часот, на улицата „Ѓуро Салај” во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција од ОВР Струга, од слобода го лишија Б.Т.(30) од Струга, откако при извршен преглед, кај него пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.07.2025 година во 12.20 часот, во ОВР Струга е повикан С.И.(49) од струшкото село Радолишта кој претходно, во атарот на истото село, бил затекнат при нелегален ископ со работна машина.
По консултација со Јавен обвинител на местото е извршено фотографирање и земени се примероци од ископаниот материјал за натамошна постапка и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.07.2025 година во 17.10 часот, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, од слобода го лишија Ц.О.(22) од струшкото село Велешта. При претрес во неговиот дом, извршен по Судска наредба, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.07.2025 година во 20.30 часот, полициски службеници од ОВР Дебар, од слобода го лишија А.М.(36) од Дебар по претходна пријава дека со нож и упатил закани на една жителка на Охрид.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин” во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Тојота” со скопски регистарски ознаки што тој го управувал и при извршено алкотестирање, констатирале 3,15 промили алкохол во крвта.
Тој, веднаш е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило”.
На 18.07.2025 година во 09.05 часот, на крстосницата меѓу локален пат кај кичевското село Зајас и магистралниот пат Кичево-Гостивар, случена е сообраќајна незгода во која, патничко возило „Ауди” управувано од А.С.(28) од кичевското село Колибари, удрило во пешакот Р.А.(38) од Зајас. Таа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во Општата болница во Кичево каде се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи од ОВР Кичево.
