На 28.08.2023 во 17.15 часот на улица „Васил Стефоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Х.К.Г.(30) од Шпанија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.
На 29.08.2023 околу 02.00 часот на ул.„Сирма војвода“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле Б.М.(32), С.П.(28) и С.П.(24), сите од Охрид, затоа што претходно го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, информираат од СВР Охрид.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Извор: Билтен на СВР Охрид
Е.Р
