На 26-ти февруари 2023 година, во 01:45 часот, во СВР Охрид лишен е од слобода 31-годишниот А.Д. од Охрид.
Тој, претходно на булеварот „Туристичка“ во Охрид, физички го нападнал 20-годишниот Е.М. од Охрид и со остар предмет, кој е пронајден и одземен, му упатил закани, а потоа му одзел пари. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
