Јас верувам во владеење на правото и тоа не може да биде половично, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, прашан во врска со притворот за генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, кој е под истрага од Обвинителството.
Тоа се промените во демократските процеси што ни се случуваат и веројатно ќе треба долго време да сфатиме дека ова така треба да биде независно без разлика кој каде седи. Ако згрешил, ќе одговара. Чувството не е добро, затоа што се оддава впечаток дека се негира се што е направено добро до сега, кажа вицепремиерот за економски прашања Битиќи во своето гостување во „Утрински брифинг“.
