HomeАктуелноБогата музичка програма на четврто издание на Ohrid Wine Festival од 26 до 28 јуни во Охрид

Богата музичка програма на четврто издание на Ohrid Wine Festival од 26 до 28 јуни во Охрид

Охридскиот вински фестивал кој стартува утревечер е настан кој полека но сигурно станува попрепознатлив белег на нашата туристичка понуда. Фестивалот и оваа година ќе понуди вистинско уживање на брегот на Охридското Езеро – со дегустација на најдобрите македонски вина, богата музичка програма и весела атмосфера, пред самиот старт на летната сезона во Охрид.
Би сакал посебно да нагласам дека и оваа година се погриживме музичката програма да биде исполнета исклучиво со настапи на македонски естрадни ѕвезди – кои ќе приредат незаборавна забава.

-Утревечер, на отварањето на фестивалот на сцената ќе настапат DJ Gec, Backdoor band, Тамара и Brass brothers.

-Вториот фестивалски ден, петок е резервиран за „Куку Леле“, Дац и Александар, „Пауза за ракија“, DJ Nasti и Urban planet.

-Третиот фестивалски ден, сабота за забавата ќе бидат задолжени „Ареа“ и Влатко Лозановски, „Kамелеон“ и DJ Jana.

Би сакал да упатам благодарност до Македонските винарии кои во континуитет ја препознаваат можноста за презентација на својот бренд и оваа година ги имаме во голем број. Општина Охрид и понатаму ќе продолжи да ги поддржува ваквите настани, кои не само што ја збогатуваат забавната понуда за нашите гости, туку отвораат нови можности за промоција на домашните производи и за развој на туризмот како една од нашите клучни гранки.
Ве поканувам сите да бидете дел од фестивалот, да го споделиме заедничкото уживање и уште еднаш да покажеме зошто Охрид е синоним за традиција и гостопримство.
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.