HomeАктуелноБогослужби за празникот Свети Еразмо Охридски Чудотворец

Богослужби за празникот Свети Еразмо Охридски Чудотворец

Македонската православна црква – Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид со известување до верниците за богослужби по повод претстојниот празник на светиот Свештеномаченик Еразмо Охридски Чудотворец.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 14 јуни во 19.00 часот ќе биде отслужена Празнична вечерна богослужба, додека на 15 јуни во 07.45 часот ќе започне Утрената богослужба, а пречекот на Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски ќе биде во 09.00 часот. Светата архиерејска Литургија ќе започне во 09.15 часот, информираат од Дебарско-кичевската епархија.

Имајќи предвид, велат, дека регуларниот пат од Охрид до манастирот Св. Еразмо Охридски моментално е во прекин поради изведување градежни работи на истиот, а во консултација со надлежните служби, додаваат дека приодот до манастирот оваа година ќе се одвива по стариот пат за Струга преку Подмоље па кон манастирот Св. Еразмо Охридски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.