HomeАктуелноБожјо чудо во Дојран – пожарот дојде до црквата Св. Петка и застана, наоколу се пеплоса, но не и ова свето место

Божјо чудо во Дојран – пожарот дојде до црквата Св. Петка и застана, наоколу се пеплоса, но не и ова свето место

Моменти што не потсетуваат на важноста на верата и надежта и во најтешките моменти.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На социјалните мрежи се споделува снимка што ја објави Кире Михаилов, заменик директорот на ЈП Национални шуми. Имено, тој самиот го снимаше видеото откако беше изгаснат големиот пожар што го зафати дојранското село Николиќ. И самиот изненаден од она што се случи за време на пожарот, кога целата околина беше зафатена од огнените стихии .

Михаилов веднаш по пожарот го сними овој видео запис, на кој јасно се гледа дека само црквата која што се наоѓа на местото кое речиси целосно е опожарано, останала не допрена од огнот. Како да постои некоја невидлива линија преку која огнената стихија не смеела да помине, така што црквата останала целосна. Околните ридови целосно се пеплосани, но само ова место останало недопрено, како што може да се види и од снимката.

Оние што не следат деновиве знаат дека овде нам, во Николиќ, ни се случи една буквално апокалиптична сцена од пожарот, вели Михаилов на почетокот од видеото додавајќи дека просторот што го снима бил претежно со сува трева и дрвја кои лесно горат.

„Сакам да ви покажам едно чудо и еден феномен кој се има случено тука“, вели тој и заедно со камерманот тргна да покаже за што станува збор. Тој објасни дека се наоѓаат неколку стотици метри од Николиќ, каде самото место и сите останати околни ридови се целосни изгорени.

Но погледнете, внатре има едена мала зелена оаза која воопшти не е зафатена од пожарите, вели тој и тргна кон ова место. Тој притоа посочи дека огнот стигнал до самиот врв на ридот за многу кратко време, но и дека тука никој во тоа време на го гаснел.

Ова што го гледате пред мене е црквата Света Петка која е неколку стотици метри од селото Николиќ, изјави тој потоа покажувајќи како огнот стигнал буквално до самата црква, воопшто не допирајќи го ова свето место. Од снимката јасно се гледа како да постои линија, до самите клупи, кои иако се дрвени, воопшто не се зафатени од огнот, а наоколу се е изгорено, целиот простор е пеплосан.Ова се неколку стотина метри квадратни кои останаа нечепнати од пожарот кој навистина беше страшен, вели Михаилов во снимката.

Целото видео погледнете го во продолжение:

ВИДЕО

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.