Сируп од портокали и лимони – превкусен сок полн со витамин Ц. Фото и рецепт: Зорица Стајиќ. Овој домашен сок т.е сируп е многу вкусен и без никакви вештачки додатоци, бои, засилувачи на вкус и конзерванси.
Потребни состојки: 1 кг портокали, 500 г лимони, 1 кг шеќер, 3 лимонтуси, околу 1,5 литар вода. Постапка: Во врела вода ставете малку сода бикарбона, па ставете ги портокалите и лимоните. Оставете ги да отстојат околу еден час за да се елиминира нечистотијата од нивната кора. Потоа исплакнете ги убаво со ладна вода.
Половина од портокалите излупете ги од кората, а половина оставете ги цели. Истото направете го и со лимонот. Сега целото овошје сомелете го во блендер. Во сомеленото овошје ставете половина од водата, додајте еден лимонтус, промешајте и оставете да отстои неколку часа.
Потоа добро процедете го овошјето, најдобро низ газа. Во остатокот од водата додајте шеќер и ставете на оган да зоврие. Тргнете го садот од оган и додајте го исцедениот сок и уште 2 лимонтуси.
На овој начин, дури и водата да е многу врела се уни-штува едвај 20% од целокупниот витамин Ц. А откако ќе се тргне садот од оган и водата достигне 50-60 степени, тогаш нема никаков опас-ност по витаминот Ц.
