Во однос на почетокот на градбата ние веќе информиравме дека на 22-ри април е стартот на реализацијата на договорот, кога изведувачот започнува со изработка на проекти и урбанистички основни проекти со цел да започне постапка за експропријација на земјиштето коешто е приватно, информира министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Ќе се изврши снимање теренот, на постоечката состојба на трасата и за тоа каде има подземни и надземни инсталации и дали ќе треба да бидат дислоцирани во текот на самата градба, да утврди постапката на геотехнички и геомеханички истражувања, бидејќи без такви квалитетни анализи кои и претходат на почетокот на градбата ќе имаме големи проблеми и одлагање на понатамошниот тек на градбата и тоа ќе има негативни влијанија врз целиот проект, кажа Бочварски.
