АНТОНИО ПАНДЕВСКИ УСПЕА!
Истрча 600 km од Скопје до манастирот Острог во чест на “малите херои”, децата што се борат со рак и во спомен на својата мајка, почината исто со кобната дијагноза.
Својата маратонска трка ја реализира со цел да покрене донаторска акција за собирање 45.000 евра за набавка на апарати за Детската онколошка клиника во Скопје.
Антонио ја реализира својата мисија во 17 дена со поддршка на фондацијата „Ице Бегов“ од Гевгелија, како и од неколку општествено-одговорни компании.
Хуманоста е незапирлива кога со неа ќе се зафатат решителни и издржливи срца! ❤
