HomeАктуелноБраво за врвните доктори! Прва интервенција за замена на главата на радиус во лакотниот зглоб со напредна технологија

Браво за врвните доктори! Прва интервенција за замена на главата на радиус во лакотниот зглоб со напредна технологија

На Клиниката за трауматологија при ТОАРИЛУЦ за првпат во државата е изведена интервенција на пациент со скршен лакт и скршеница на главата на радиус во лакотниот зглоб. Со оваа постапка е постигната стабилизација на зглобот и е овозможено целосно враќање на функцијата и движењата во него.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Станува збор за прва интервенција во Македонија со примена на систем за радијална замена на главата, кој вклучува радиолуцентни испитувања и кодирани ознаки во боја. Овој метод овозможува прецизно одредување на висината на имплантот во самиот оперативен процес, како и визуелизација на проксималната улна и зглобот, што значително ја зголемува ефикасноста на интервенцијата.

Интервенцијата беше изведена од тим на експерти предводен од трауматологот д-р Игор Мерџаноски, заедно со д-р Александра Танеска и д-р Александра Горѓоска. Анестезиолошката поддршка ја обезбеди д-р Александар Димитровски, додека медицинската сестра-инструментарка Елизабета Јовановска и рентген техничарот Тони Цветковски беа дел од тимот што ја реализираше оваа успешна интервенција.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.