HomeАктуелноБраво! Македонец победи вечерва во „Никогаш не е доцна“

Браво! Македонец победи вечерва во „Никогаш не е доцна“

Со над 6.000 освоени смс-гласови, македонскиот натпреварувач Сашо Башески вчера вечер победи во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Талентираниот прилепчанец со месеци важеше за фаворит, остави голем впечаток кај публиката ширум Балканот и заслужено се најде во завршницата.

„Не’ направи многу горди. Многу сум среќна. Ти благодарам што не’ потсети на едно убаво време кога се пееше не само со грло, туку и со емоции“, му порача нашата Калиопи која му ја врачи наградата.

Сашо ѝ се заблагодари и кажа дека ова ни на сон не го очекувал.

„Сакам да им се заблагодарам на сите, на продукцијата, на овие мои колеги во шоуто кои пред се’ се добри луѓе. Ова нема никогаш да го заборавам“, рече тој.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.