Да се внимава со исхраната, да не се внесува многу мрсна храна, количински да не јаде многу, алкохол да не се конзумира во огромни количини и да се почитуваат Ковид мерките порачува вели Д-р Љупка Николоска, началник во Итната медицинска помош Охрид, за дочекот на Новата година и претстојните празници.
Да се конзумира храна и пијалоци со мерка. Да се запазуваат Ковид мерките, бидејќи во последно време имаме зголем број на заболени во Охрид. Ако сакаме убаво да ја почнеме Новата година мораме да бидеме дисциплинирани и за самиот дочек, вели Николоска.
Брзата помош, вели, има дежурства вечерва и зајакнување на службата деновиве за празниците, бидејќи како што можеме да забележеме веќе Охрид се полни со гости.
Би сакала како и секоја година да сме подготвени и на ниво на задачата за време на новогодишната ноќ и празниците. Години наназад новогодишната ноќ за жал се забележуваат многу случаи на пијанства и конзумирање на наркотици. Се надеваме дека ќе надвладее свеста кај луѓето во овие празнични денови, додава Николоска.
