HomeАктуелноБугарската потпретседателка гостувањето во Охрид со нова провокативна изјава

Бугарската потпретседателка гостувањето во Охрид со нова провокативна изјава

Втор ден по ред провокативни изјави од бугарската потпретседателка Јотова.

Откако вчера од Битола го негираше постоењето на Македонци во Бугарија, денеска во Охрид изјави дека судот во Стразбур никогаш не наложил да се признае македонското малцинство во Бугарија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Им порача на македонските новинари добро да го прочитаат бугарскиот Устав, кој според неа, не признава малцинства одговарајќи на новинарско прашање зошто Бугарија бара права за Бугарите во Македонија, а не ги имплементира пресудите од Судот во Стразбур за кршење правата на Македонците во Бугарија.

Како услови за тргање на ветото, покрај вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав, Јотова ја спомена и неопходноста за договор на мешовитата историска комисија и измени во македонските учебници, а зборуваше и за оштетување на бугарски споменици во Македонија.

Ден откако бугарската владина делагација предводена од премиерот Петков, дојде, отвори бугарски клуб со името на Ванчо Михајлов и замина, а пораките за кревање на бугарското вето останаа исти, со став се огласи и премиерот Димитар Ковачевски. Коментирајќи го отворањето на бугарскиот клуб за МИА вели дека Михајлов е контроверзна личност која во Македонија се доживува на различен начин, а ваквите проекти не се под државен надзор. Ковачевски очекува од Софија ист пристап за Македонците во Бугарија.

За дел од политичките аналитичари провокативните изјави од бугарски високи функционери не придонесуваат во процесот на приближување меѓу двете земји и потребна е паметна реакција од македонската Влада.

Инаку американскиот Стејт Департмент во последниот извештај за слободата за здружување ги искритикува бугарските власти за ускратувањето на човековите права на етничките Македонци. Од американската Влада нотираат дека бугарските власти продолжуваат да негираат регистрација на етничко -македонски активистички групи и покрај 14 претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.