HomeАктуелноБугарскиот министер за транспорт: Летовите меѓу Скопје и Софија не запираат

Бугарскиот министер за транспорт: Летовите меѓу Скопје и Софија не запираат

Министерот за транспорт на Бугарија Николај Сабев, во изјава за МИА за иднината на авиолинијата Скопје-Софија, вели дека летот до главниот град на Северна Македонија ќе остане и по 15 мај.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со тоа, како што информира дописникот на МИА од Софија, Сабев, ги демантира информациите што се појавија дека авиокомпанијата „Гуливер“ ги прекинува редовните летови меѓу Софија и Скопје.

Николај Сабев, исто така, коментира дека остануваат и летовите меѓу Софија и Тирана. Во моментов, операторот на летот е пред промена, коментираше кратко бугарскиот министер за транспорт Сабев.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.