HomeАктуелноВардар пред излевање

Вардар пред излевање

Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека водостоите на реките ширум земјата алармантно растат, а најкритична е состојбата на Вардар.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во текот на денот можеше да се види дека Вардар во центарот на Скопје веќе е до ниво на ниското корито.

Од УХМР велат дека бранот на вода во текот на денот се движел низводно кон Јурумлери, Огњанци, Орешани и Зелениково.

Поради обилните врнежи можни се појави на одрони и свлечишта посебно во западните делови на земјата.

До 19 часот вечерва, најмногу дожд има наврнато во Крушево – 21 литар на квадратен метар. Во Маврови Анови се наврнати 19 литри, во Претор има 16 литри на квадратен метар, а во Пожаране 14 литри.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.