HomeАктуелноВелики Четврток – ден на Тајната вечера, причеста и Христовите страдања

Велики Четврток – ден на Тајната вечера, причеста и Христовите страдања

Со богослужбата на Велика Среда завршува великопосниот период, а од Велики Четврток започнуваат деновите посветени на Христовите страдања. Се менува и духовното расположение – од покајнички плач кон длабока тага заради страдањата на Христос, но и радост поради спасението.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Велики Четврток е ден на Тајната вечера, кога Исус Христос ја востановил Светата евхаристија и ги причестил апостолите. На овој ден се потсетуваме на важни настани: миењето на нозете како пример за смирение и љубов, откривањето на предавството на Јуда, како и најавата за Петровото одрекување. Верниците се повикуваат на причест, бидејќи овој ден се смета за празник на Причеста.

Во храмовите се извршуваат посебни обреди, како миење нозе и осветување миро, а се практикува и маслоосветување за здравје и духовно очистување. Според традицијата, рано наутро се вапцуваат првите велигденски јајца.

Во вечерните часови се читаат Дванаесетте евангелија за Христовите страдања, а во црквите се изнесува Крстот. Овој ден ги повикува верниците на покајание, смирение и благодарност, да бидат духовно со Христос во Неговите последни денови и да ја почувствуваат длабочината на Неговата жртва.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.