HomeАктуелно(Видео)Пожарот предизвика страшна трагедија – најмалку 12 починати, откриена причината за несреќата

(Видео)Пожарот предизвика страшна трагедија – најмалку 12 починати, откриена причината за несреќата

Падна далекувод во Шпанија, предизвика страшна трагедија

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Катастрофален шумски пожар во југоисточната шпанска покраина Алмерија однесе најмалку 12 човечки животи.

Најмалку уште шест лица се повредени, а оваа црна бројка ја потврди регионалната влада на Андалузија, која настанот го опиша како незапаметена и досега најголема трагедија во овој регион.

Според информациите на итните служби, дел од жртвите биле пронајдени мртви во нивните автомобили, кои биле целосно проголтани од огнот додека луѓето се обидувале да побегнат од огнената стихија.

Паднат далекувод го предизвикал пеколот?

Пожарот избувна во четвртокот попладне во општината Лос Гаљардос. Иако официјалниот извор сè уште се утврдува од страна на надлежните власти, очевидци и сведоци тврдат дека пожарот бил предизвикан од пад на далекувод, по што силниот ветер и сувата вегетација придонеле огнот експресно да се прошири кон блиската шума.

Евакуирани илјадници граѓани, армијата е на терен

Поради сериозноста на ситуацијата и брзото ширење на пламените јазици, итните служби досега евакуираа околу 1.000 жители од околните населени места. Локалните патишта се целосно затворени за сообраќај.

На терен се мобилизирани околу 150 пожарникари со специјални возила, а поради алармантната состојба во гаснењето се приклучи и специјалната Воена единица за вонредни ситуации (УМЕ) на шпанската армија.

Пеколен бран ја тресе јужна Европа

Оваа страшна катастрофа е дел од големиот бран шумски пожари кои деновиве ја пустошат јужна Европа.

Поради долготрајниот топлотен бран и екстремните температури кои надминуваат 40 Целзиусови степени, стотици пожарникари моментално водат жестока битка со огнот и во Франција и Португалија. Паниката е огромна бидејќи илјадници луѓе низ Медитеранот веќе беа принудени да  ги напуштат своите домови пред налетот на огнената стихија.

Видео

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.