HomeАктуелно[Видео] Ангелов: Обид за намерно реактивирање на пожарот во Блаце, пронајдени запалени палети во смреки

[Видео] Ангелов: Обид за намерно реактивирање на пожарот во Блаце, пронајдени запалени палети во смреки

Утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изјави дека пожарникарите пронашле палети, кои биле запалени и фрлени во смреки, и дека тоа е доказ дека некој сака да го реактивира пожарот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во врска со пожарот покрај патот кој води кон ГП Блаце, пожарникарите при гаснење пронајдоа палети претходно најверојатно полиени со бензин, и фрлени во смреки, некој утрово се обидуваше да го реактивира пожарот во Блаце кој е под контрола, рече Ангелов и апелираше секој кој ќе види невообичаено однесување од други лица, кои носат или во рацете држат палети, веднаш да бидат пријавени на 112.

Тој демантираше дека биле изгорени куќи во Чучер Сандево.

Не е точна веста дека во текот на вчерашниот ден некои манастири или цркви биле во близина на пожарот, и не е точно дека има изгорени куќи. Не дозволивме да бидат загрозени куќите, рече Ангелов.

ВИДЕО

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.