HomeАктуелно(ВИДЕО) Коњ го турна хрватскиот претседател Милановиќ, обезбедувањето спречи тој да не падне на земја

(ВИДЕО) Коњ го турна хрватскиот претседател Милановиќ, обезбедувањето спречи тој да не падне на земја

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, откако врачи награда на победник во трка со коњи во Барбан на полуостровот Истра, доживеа мала непријатност кога коњот се сврти и го поттурна претседателот, но за среќа реагираше неговото обезбедување кое спречи тој да падне наземи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Претпоследниот викенд во август во Барбан е резервиран за традиционална трка со коњи, која привлекува многубројни гости од тој дел на Истра.

Милановиќ, кој му ја врачи наградата на победникот Петар Бенчиќ, обидувајќи се да се фотографира со неговиот коњ, доживеа мал инцидент, откако коњот го поттурнал претседателот, но за среќа без последици.

Обезбедувањето го задржа Милановиќ откако коњот се сврти кон него и спречи поголем инцидент.

Во продолжение погледнете го видеото:

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.