HomeАктуелноВИДЕО | „Кралица на ладнокрвноста“: На презентерка ѝ заѕвони телефонот додека читаше вести

ВИДЕО | „Кралица на ладнокрвноста“: На презентерка ѝ заѕвони телефонот додека читаше вести

Српската телевизиска презентерка Ивана Константиновиќ се здоби со називот „кралица на ладнокрвноста“ откако се најде во непредвидена ситуација за време на информативната програма на телевизија Н1.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Имено, на презентерката ѝ заѕвони мобилниот телефон додека ги читаше дневните новости, нешто што многумина ќе ги извади од колосек доколку се најдат на нејзино место. Но, не и Константиновиќ – таа бргу реагираше, го исклучи телефонот и продолжи со известувањето за дневните случувања.

Покрај бројните позитивни реакции и шеги на социјалните мрежи, и самата презентерка се пошегува на своја сметка.

 Мојот телефон е постојано безвучен. Исто јас,  напиша таа и ја сподели снимката која ги насмеа многумина.

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.