HomeАктуелно(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски и сопругата оддадоа почит пред посмртните останки на кралицата Елизабета Втора

(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски и сопругата оддадоа почит пред посмртните останки на кралицата Елизабета Втора

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓеоргиевска попладнево присуствуваа во Вестминстерската сала во Лондон каде е изложен ковчегот со посмртните останки на кралицата Елизабета Втора.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пендаровски на својот фејсбук-профил објави видео на кое се гледа како тој со сопругата оддаваат почит пред посмртните останки на кралицата.

Претседателот се потпиша и во книгата на жалост, а утре ќе присуствува на погребот на кралицата во Вестминстерската палата.

„Со сопругата оддадовме почит на посмртните останки на кралицата Елизабета Втора, пред утрешната погребна церемонија во Вестминстерската опатија“,напиша Пендаровски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.