HomeАктуелноВИДЕО| Приведен 37 годишен дилер кој дрогата ја криел под хаубата на своето возило

ВИДЕО| Приведен 37 годишен дилер кој дрогата ја криел под хаубата на своето возило

На 01.04.2022 околу 23.45 часот на ул.„Словенечка“ во Скопје, по претходно добиени сознанија и преземени мерки, полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи го лишиле од слобода Р.П.(37) од Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При преглед во неговото возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, под хаубата било пронајдено и одземено едно пакување со околу 350 грама марихуна.

Против Р.П. по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.