HomeАктуелноВладата донесе одлука за забрана на акции и промоции на прехранбени во трговијата на мало, со цел заштита на граѓаните од манипулации

Владата донесе одлука за забрана на акции и промоции на прехранбени во трговијата на мало, со цел заштита на граѓаните од манипулации

Владата, на вчерашната 185. седница, на предлог на Министерството за економија, донесе одлука со која им се забранува на трговците што вршат трговија на мало на земјоделски и прехранбени производи да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција), со исклучок на алкохолни и безалкохолни пијалаци, при нивно ставање во промет.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Оваа одлука е донесена во согласност со член 29 став 1 алинеја 3 од Законот за трговијата за нарушување на домашниот пазар. Одлуката е донесена со цел да се спречи злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки.

Со оваа одлука ќе се намалат можни манипулации при ваквиот вид продажба на земјоделски и прехранбени производи, исто така ќе се намали и ќе се спречи нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки. Одлуката е со цел граѓаните да ја знаат точната и реална цена на производот и да не се доведуваат во заблуда со цените на прехранбените производи. Одлуката ќе се применува до 30 ноември 2023 година, велат од Владата.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.