HomeАктуелноВладата утре ќе прогласи кризна состојба

Владата утре ќе прогласи кризна состојба

Граѓаните да бидат спокојни – енергетска криза нема да има. Владата утре се очекува да ги активира стоковите резерви, каде се чуваат доволни количини на јаглен и мазут за снабдување во следните 47 дена, уверува министерката за енерегетика Божиновска.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Блокадата на грчките земјоделци, која трае речиси еден месец, ја отежна набавката на потребните енергенси за производство на електрична енергија. Затоа државната ЕСМ со писмо до Владата бара да се прогласи кризна состојба.

Грчките земјоделци најавија дека ќе ги прекинат блокадите за време на божиќните и новогодишните празници. Граничните премини и патишта ќе бидат отворени за сообраќај од денеска до недела 28 декември, како и од 30 декември до 4 јануари. Потоа повторно се враќаат на граничните премини, се до исполнување на нивните барања. За помала енергетска зависност и сигурност во снабдувањето, ќе придонесе изградбата на интерконекторот со Грција, кој треба да биде готов до 2027-та година, како и кон Србија, кој би се пуштил во употреба во 2028-та. Вкупните планирани инвестиции за енергетски проекти на министерството изнесуваат милијарда и 353 милион евра.

Божиновска информира дека по над 10 години мирување, нафтоводот Скопје – Солун повторно ќе се стави во функција. Ценовникот е веќе усвоен. Грчката комапнија Хелиник ќе плаќа 20 евра од тон, од кои 4 евра ќе одат кај државата, како сопственик на 20% од нафтоводот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.