HomeАктуелноВМРО ДПМНЕ Охрид: СДСМ дозволува криминал со незаконско сечење дрва во НП „Галичица“ и класичен непотизам

ВМРО ДПМНЕ Охрид: СДСМ дозволува криминал со незаконско сечење дрва во НП „Галичица“ и класичен непотизам

Со амин на СДСМ лице вработено во ЈУНП „Галичица“ на позиција шумар ја злоупотребува службата и подолг период дозволува сечење дрва во сопственост на Република Македонија, велат во соопштението од ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Зошто се премолчува пустошењето на националниот парк „Галичица“? Што треба да се случи за надлежните да преземат нешто знаејќи дека лицето и претходно е пријавено за злоупотреба за службената позиција? Ги повикуваме Шумската полиција, СВР Охрид и Инспекторатот за шумарство како одговорни органи да преземат соодветни дејствија и да го расветлат случајот, додаваат.

Покрај тоа, потенцираат и дека вработениот на дрзок начин вршел огромен притисок за вработување на негов близок иако не ги исполнува критериумите, апелирајќи трудовата инспекција да постапи согласно законот и да се произнесе за ваквиот скандалозен непотизам.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.