HomeАктуелноВМРО-ДПМНЕ: Судот да ја утврди деловната способност на дезертерот Ковачевски

ВМРО-ДПМНЕ: Судот да ја утврди деловната способност на дезертерот Ковачевски

Судот да ја утврди деловната способност на дезертерот Ковачевски за да се види дали НЕСПОСОБНОСТА му е прогресирана или статус кво

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Штом Ковачевски дезертирал од служење на воен рок со тапијата за ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН, тогаш постојат основани сомненија, врз основа на членовите 34, 35, 36, 37 и 38 од Законот за вонпарнична постапка, да се поведе процес за испитување и одземање на неговата деловна способност.

Штом знаел да трча по оправданија за неспособност кога требало да одговори на повикот на државата, тогаш сега кога е Премиер треба да се утврди дали е во состојба да ја врши функцијата.

Штом имал дијагноза за трајна неспособност тогаш, сега треба да се види дали НЕСПОСОБНОСТА прогресирала или е статус-кво.

Деловната способност е особено важна за функцијата Премиер, па затоа го повикуваме судот веднаш да реагира.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.