HomeАктуелноВодата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење

Скопје има безбедна вода за пиење согласно неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

ЈП Водовод и канализација соопштија дека Секторот за санитарна контрола во периодот од седми до единаесетти месецов анализирал 194 примероци за физичко-хемиска и 194 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, како што известија, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.