HomeАктуелноВозач со 2,10 промили алкохол зад воланот уапсен

Возач со 2,10 промили алкохол зад воланот уапсен

На 24.05.2025 во 12 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Т.Н.(44) од с.Уларци, oпштина Чешиново-Облешево.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал T.Н., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,10 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.