HomeАктуелноВози одговорно, празнувај безбедно- превентивна активност на СВР Охрид

Вози одговорно, празнувај безбедно- превентивна активност на СВР Охрид

Денеска (29.12.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид, на повеќе локации во централното подрачје на Охрид реализираа превентивни активности под мотото – “Вози одговорно, празнувај безбедно“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Притоа, во повеќе угостителски објекти, во непосредна комуникација со посетителите, полициските службеници укажуваа на важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи особено во пресрет на новогодишните и божикни празници.

На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина и со апел за време на новогодишните и божикните празници да не се управува моторно возило доколку се конзумира алкохол, за почитување на правилата и прописите за ограничување на брзината, а се со цел нивна безбедност и безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.