HomeАктуелноВо Битола санкционирани 45 возачи за брзо возење, 17 за управување под дејство на алкохол

Во Битола санкционирани 45 возачи за брзо возење, 17 за управување под дејство на алкохол

Вчера на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 45 возачи. Од нив 33 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 12 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Исто така, во текот на изминатата вечер (10/11.09.2022), во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.При контролата констатирани и законски санкционирани се 17 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 14 останати прекршоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.