HomeАктуелноВо боите на НАТО осветлена зградата на МНР

Во боите на НАТО осветлена зградата на МНР

Во пресрет на Денот на НАТО зградата на Министерството за надворешни работи вечерва осамна осветлена во боите на Алијансата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во пресрет на Денот на НАТО, ја осветливме зградата на МНР заедно со други владини институциите во боите на Алијансата, со цел одбележување на 73 годишнината од формирањето на НАТО, објави шефот на дипломатијата Бујар Османи на Фејсбук.

Османи во објавата нагласува дека заедно со останатите 29 сојузници стоиме обединети и одлучни во определбата за зачувување на европската и трансатлантска безбедност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици.

Како кредибилен НАТО сојузник остануваме посветени во креирањето значајни одлуки и заложбите за одбрана на мирот, безбедноста, слободата и демократскиот просперитет, додава шефот на дипломатијата во објавата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.