Во Општина Брвеница денеска се спроведува гласањето на болните и немоќните лица, како и на лицата кои издржуваат затворска казна, во рамки на вториот круг од предвремените избори за градоначалник.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), право на глас имаат вкупно 116 лица, од кои 107 се болни и немоќни, а девет се на издржување затворска казна.
Гласањето на затворениците се организира во три казнено-поправни установи на територијата на државата – во Скопје, Штип и Тетово.
Гласањето започна утринава во 7 часот, а вториот круг од изборите ќе го следат вкупно 61 акредитиран набљудувач, од кои 56 домашни и пет меѓународни.
Редовното гласање во Брвеница ќе се одржи утре, 1 ноември, кога граѓаните ќе избираат меѓу двајцата кандидати за градоначалник.
