HomeАктуелноВо Буџетот 2024 планирани се повисоки плати и пензии, со исклучок на функционерските плати, вели Бесими

Во Буџетот 2024 планирани се повисоки плати и пензии, со исклучок на функционерските плати, вели Бесими

Во Предлог-буџетот за 2024 година се проектирани средства за исплата на повисоките плати за вработените во јавната администрација, за исплата на повисоки пензии согласно утврденото системско решение, но нема да има повисоки плати за функционерите. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју во Централниот дневник на МРТ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За она што е предвидено со потпишаниот Општ колективен договор, со кој од септември оваа година платите на сите вработени во јавниот сектор се зголемени за 10%, се обезбедени средства во Предлог-буџетот за 2024 година. Исто така исплата на К-15 кое оваа година е во износ од 10.000 денари, а наредната во износ од 30% од просечната нето-плата. Она што не е планирано во Предлог-буџетот се средства за раст на платите на функционерите, рече министерот Бесими, кој посочи дека за исплата на зголемените плати се обезбедени дополнителни 160 милиони евра.

Тој додаде дека она што беше важно во услови на инфлација е да се одржи нивото на платите и да се заштити стандардот на граѓаните и веќе од април има реален раст на платите, бидејќи имаме раст на платите, а инфлацијата е едноцифрена.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.