HomeАктуелноВо дел од Македонија попладнево екстремно топло време

Во дел од Македонија попладнево екстремно топло време

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени Целзиусови.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

И во Скопје ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 43 степени Целзиусови.

Во Охрид времето денес сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 36 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре и во првата половина од следната седмица ќе има промена на временската состојба. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го промени правецот во северен, а дневната температурата ќе биде во опаѓање.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.