HomeАктуелноВо дел од Македонија попладнево екстремно топло време

Во дел од Македонија попладнево екстремно топло време

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Во Охрид времето сончево и многу топло слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.

Во текот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35 степени, а наместа и 40 степени Целзиусови.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.